Рецепт за заштеда на пари

Автогас Ловато

– успешната приказна продолжува

Se stedi do 50 otsto vo sredba so benzinot - Ile MijajleskiСервисот за автогасни системи е единствена авто куќа која инсталира лиценцирани гасни уреди за возила, кои за погон користат бензин, но и нафта. Со исклучителниот квалитет, базиран на 15 годишното искуство во светот на автогасните системи, од кои две години во нов објект, Иле Мијајлески стекна доверба кај илјадници муштерии. Добриот глас стигнал и до Битола, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Кавадарци, Скопје, па и до Источна Македонија. За квалитетот се слушнало и до Атина.

Со вложување од 100 до 2000 евра за адаптација бензинскиот мотор да користи гас се штеди најмалку 50 отсто во споредба со бензинот. Погоден е за увозните автомобили со попристапни цени. Затоа расте интересот. Се осознава дека инсталацијата на автогасните системи се корисна инвестиција за возила кои минуваат над 5000 километри годишно. Покрај заштедата, се штити моторот од абење и му се продолжува векот. Затоа гаранцијата е 1-5 години или минати 50-100 илјади километри.

Мијајлески тргнал во бизнисот да направи општо добро, откако на своето возило монтирал плински систем. Почнал наивно, не мислејќи дека со вложување на труд и макотрпна работа, бизнисот ќе “процвета”, имајќи десетина најсовремени плински системи.

Сервисот располага и со чекална, опремена со ТВ, ви-фи и кафе за удобност на муштериите додека го чекаат своето возило.

1– Системот се монтира на секое возило. Само да нема воздушно ладење, како кај старите буби, пегла. Се вградува и на дизел мотори, но не е практично. Функционира едноставно. Потребно е само доволно течност во ладилникот, плин и бензин за поголема автономија. Ако изгасне плинот, продолжува со бензин – вели сопственикот Мијајлески.

Новитет во сервисот е словенскиот Квант-ауто гас, изработен по најнова технологија. Системот е силен адут, оти ги побива досегашните. Нема “мембрани”, а редукторот има огромен капацитет да “рани” 360 коњи. Погоден е за БМВ, Пежо и Цитроен. Како единствени застапници, инсталацијата е по промотивна цена од 500 евра, за разлика од Словенија каде е 1250 евра. Плус три години гаранција или 100 илјади километри, а реално минува 300 илјади километри, без поправки.

2– Квант системот е Мерцедес меѓу системите. Работи самостојно и прецизно. Го следи бензинот, без штелување. Досегашните системи создаваа нервоза. Од економски причини се пренаменуваат возилата, а на запад од еколошки. Гасот не загадува во споредба со бензинот и нафтата. Ако се експлоатира возилото интензивно, инвестицијата се враќа за кусо време – порачува Мијајлески.

Сервисираат, менуваат филтри и комплетно го прегледуваат  системот. Нужен е сервис по 15-20 илјади километри. Современите системи предупредуваат со свирче. Во гарантниот рок, проблемите се отстрануваат или се заменува делот бесплатно.

– Монтажата е комплексна. Бара познавања од електроника, механика и нормално на самиот систем. Мајсторијата е возилото да функционира долго, прецизно и безбедно – вели Мијајлески.

Единствени се кои посетиле фабрики за автогасни систем, а од инженерите добиле сертификати. Одржуваат контакти со главиот инженер Анте Москатели од Словенија, конструктор на три патентирани модели. За наесен најавуваат промоција на нов систем со вбризгување плин во течна состојба. 

Loading