БОМБА В ЦЕНТАР

Otstraneta opasnostОцрнет, долгманест предмет, со остар врв како молив, налик на бомба, пронајде работник крај реката в центар. Веднаш ја алармирале полицијата, која со надлежните служби утврдиле дека станува збор за неактивирана артилериска граната од 110 мм од Првата светска војна. Службите безбедно ја отсраниле и ја однеле во депоата за складирање на неексплодирани направи. По собирањето на одреден број, гранатите, бомбите и другите опасни екплозивни материјали безбедно се уништуваат. 

Градежникот Диме Сотироски од Охрид ја открил гранатата додека со казма го копал ровот за канализацијата крај мостот кај старата автобуска. Гранатата такаречи му испаднала пред нозе од ровката земја.

– Бомбата самата се одвои од земјата. Прво не ја забележав, но откако ја извадивме сфативме дека е граната – вели Сотироски од фирмата Маркоски. 

“Пронаоѓачот” се чуди како претходно не била пронајдена бомбата, оти вторпат се копало на истото место.

Loading