Решаваат за првак

Пинг – понг

Младата екипа на прволигашот Младост 96 оствари триумф од 5-1 над Пошта од Скопје со по две победи на Б. Илиески и М. Иваноски, една на А. Рикалоски. Со новите два бода тимот собра 10 и се задржа на третото место. Претстои последно коло, кога во Прилеп гостува лидерот Радовиш. Младост 96 решава кој ќе биде првакот и патникот за Супер лигата. Ако Радовиш победи, тогаш останува прв, ако загуби местото го препушта на скопски Вардар, кој е со ист број бодови, 14.

Во Супер лигата остануваат уште две кола, а Младост има шанса да победи дома со скопско Влае, на гости кај Струга. Екипата на Зоран Јованоски е на трето место, а сигурен шампион е Фаворит од Штип.

Loading