Штедење

Ракомет

Никако поинаку освен чување на силите, не може да се протолкува поразот на Прилеп во осминафиналето од Купот, со Охрид. Разликата е доста неочекувана 22-28. Никој не се надеваше на висок дострел со оглед на неповолната ждрепка, но барем надминување на првата пречка, бидејќи на суперлигашката табела Прилеп беше втор, а Охрид дури седми. Охриѓани во четвртфиналето загубија со 41-22 од Вардар.

Понатаму вниманието е во првенствениот плеј – оф, каде треба да се поправи впечатокот по стартните три пораза од Вардар, Металург и Радовиш. Следи гостување кај Пролет во Скопје, дуел кој е шанса за прв успех, бидејќи потоа следат три посериозни пречки дома со Зомимак и Вардар, на гости кај Металург.

Loading