Последно коло

Кошарка

Додека во Кошаркарската федерација актуелен е изборот в понеделник на нов претседател, привршува сезоната во Третата лига. В недела е последното коло, а тимот на Марфил спорт гостува на Феникс во Скопје. Може да се очекува рамноправна борба со домаќинот за двата бода. Доколку успее да победи, тоа ќе биде прв успех на гости за прилепската екипа, ако не се сметаат службените 0-20 со Пантери во Скопје. Есеноска, Феникс дома беше добиен со 67-59.

Табела: Вардар и Академија по 22, Ангели 21, Пробаскет 16, Марфил спорт 15, Феникс 12 и Пантери 9 бода.

Loading