Никој не отпаѓа?

Фудбал

Иако остануваат уште пет кола до крајот, уште од сега извесно е дека од Третата лига – Југ нема да отпадне ниту еден тим. Разврската многу зависи од табелата на Втората лига. Таму е предвидено да отпаднат две екипи, а осмопласираната да игра бараж. Според моменталниот пласман на дното се Напредок со девет и Дрита со 23 бода, а место погоре е Еуромилк со 25. Шест бода над него речиси безбеден е гевгелиски Кожуф, единствен кој припаѓа на територијата од третолигашката јужна група. Доколку тој не отпадне, ќе се чека исходот на Победа, која несомнено ќе биде третолигашки првак и ќе игра бараж во два меча на неутрален терен со еден противник од четирите третолигашки прваци и осмопласираниот второлигаш. Доколку таа успее да стане второлигаш, се остварува најповолната варијанта и не отпаѓа никој во Третата лига – Југ од тимовите кои настапуваат пролетва. Во тој случај останува и Млекар кој е на 11. место, во друштво на 11 Октомври, Големо Коњари и Партизан. Всушност, отпадна само Варош, тим кој се откажа на полусезоната.

В сабота се игра градското дерби 11 Октомври – Победа, 10-то по ред. Претходно, Победа со 6-0 го совлада Партизан, а 11 Октомври со 5-1 загуби од Вардар.

Останати: Партизан – Млекар и Борец – Г. Коњари.

Табела: Победа 43, Вардар 40, Превалец 36, Партизан 29, Г. Коњари 21, 11 Октомври и Борец по 19.

Loading