Рамен терен – убава игра

Фудбал

Теренот во фудбалот е битен услов за добра игра. Ова се покажа во Велес, каде Победа блесна со триумфот од 1-7 над домашниот Борец. На идеалниот терен со вештачка подлога, низ брзи и течни акции беа создадени 10-12 зрели шанси, а стрелци беа трипати И. Мирчески, двапати Ацески, по еднаш Аломеровиќ и Тошески. Ако во ваков стил продолжи, тимот на Дарко Крстески нема прашање дали ќе победува, туку со колку гола разлика. В недела е мечот со Партизан, кој со головите на Талески и Стојаноски со 2-0 го совлада Вардар. Останати од 17. коло: Вардар – 11 Октомври, Млекар – Борец.

Табела: Победа 40, Вардар 37, Превалец 33, Партизан 29, Г. Коњари 21, 11 Октомври и Борец по 19.

Loading