Пајмакоски пак прв

Атлетика

Без оглед дали трча за прилепски или за скопскиот клуб Делта, младиот Илија Пајмакоски ниже успеси. На десеттата манифестација, “Трчаме кон целта” на кејот на Вардар кај Ново Лисиче во Скопје, тој беше најдобар на патеката од пет километри. Во оваа дисциплина одличен се покажа и клупскиот другар Саше Јаковлески, третопласиран.

Во шест конкуренции учествуваа вкупно над 300 атлетичари од земјава и странство.

Loading