Лажирани записници?

Пинг – понг

Еден преубав спорт, како што е пинг – понгот, редовно се судира со организациски и финансиски тешкотии. Капак на сé е изјавата на досегашниот комесар за натпревари Зоран Таневски со оставката  и образложението.

– Пристигнаа информации за фиктивно одиграни натпревари, лажирани записници. Во правилникот не постојат механизми за докажување и спречување – вели Таневски.

Тоа би значело дека некои мечеви не биле одиграни, а се изготвиле записници за одигрување? Лебди прашањето зошто тоа го правеле клубовите, дали можеби да не се изложуваат на патни и други трошоци. Тоа би ја отсликало бедната финансиска ситуација, но потезите се против суштината на спортот. Клубовите и лигите постојат да се негува пинг – понгот низ тренинзи и натпревари, а не за запишување резултати и бодови без игра.

Се очекува реакција и избор на нов комесар. Претходниот Иван Гласновиќ се повлече во ноември лани.

Loading