Групна изложба на 40 дела од 30 уметници, членови на ДЛУП, ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”.
Се презентира новосоздаденото творештво на слободни теми на сликарите, скулпторите, вајарите, графичарите.
Ќе бидат доделени четири награди за животно дело “Велебит Рендиќ”, за сликарство “Борко Лазески”, за вајарство “Јордан Грабул” и за графика “Ордан Петлески”.