Креациите, прилепскиот стилист Александар Гочески познат како Алек Палада го искачија на највисокото место на пиедесталот на најголемото европско шоу за фризура и шминка во Бордо, Франција. Настапувајќи како Македонец, умешниот стилист ги освои симпатиите на жирито кревајќи го Прилеп и Македонија на врвот на европските мајстори за уредување на косите.
Палада претходно зазеде висока позиција на 19 “Hair Festival & Competition” во Солун, Грција.