ЖДРЕПКАТА ДА НЕ НИ ЈА ДАДЕ ПОБЕДА

Јохан Тарчуловски

Dobredojde vo Prilep - Tarculovski so novinarot Mile TaleskiПрвпат во градов гостуваше Љубанци, клубот на Јохан Тарчуловски. Тој беше на клупата за време на пријателскиот меч кој го доби Победа со 4-0 со головите на Николов, И. Мирчески, Јанкоски и Тошески. Двете екипи се третолигашки лидери на групите Југ и Север, што в лето ги прави потенцијални противници во бараж дуел за влегување во Втората лига.

– Посакувам ждрепката да ни даде друг ривал. Победа има силен тим. Нашиот беше ослабен без искусните Игњатов, Јанчевски, Аргировски… Ако даде Господ, двете екипи ќе бидат во исто друштво. Тоа ќе е најголем успех за Љубанци, клубот кој го обновив по враќањето од Хаг и од четврта лига стигнува до втората – рече Тарчуловски.

Три дена подоцна Победа со 2-1, со головите на И. Мирчески и Ф. Мирчески од пенал го совлада Зајас.

Loading