ФУДБАЛСКИОТ СНАЈПЕРИСТ ОД БРАИЛОВО ВО АВСТРАЛИЈА

Времеплов  – Симон Велкоски

Fudbalski-nomad---Simeon-VelkoskiПосака среќата да се сретнеме и со еден од асовите на Победа од шеесеттите години, Симеон Велкоски, натурализираниот Австралиец, од Мелбурн. Беше стандарден првотимец на Победа, во која дошол есента во 1961 година, од Парталко од Браилово. Одиграл само шест натпревари, постигнал 4 гола, колку да се видат вредностите и останал во клубот пет години.

– Само по две години од влегувањето на Победа во Втората лига (1959-1961), отпадна, а тимот беше со Крстески, Димоски, Бошкоски, Јакимоски, Петкоски, Анески, Нешкоски, Гарбески од помладите и Келтаноски, Тофоски, Игњатоски, браќата Д. и Г. Лашкоски, Атанасоски, Цветковиќ од повозрасните и со извонреден тренер, Благоја Моша Марјановиќ. Место да јуришаме кон Првата лига, ние испаднавме – тагува Велкоски.

Велкоски дресот на Победа го носел 11 сезони.

– Го зазедов местото на лево-крилна позиција на кое долго играл тогаш популарниот Раде Цветковиќ. Одиграв 41 првенствен натпревар, постигнав 44 голови, но никогаш не го соборив рекордот од 44 постигнати голови –  вели педантниот хроничар Велкоски.  

Победа имала силен тим. На пријателски мечеви ја победи Црвена звезда во Прилеп со 3:1.

– Кога бевме самоуверени, доживеавме катастрофален пораз од 1:6 на квалификациите со Железничар во Ниш. На реваншот во Прилеп игравме 3:3- жали Велкоски.

Победа не се откажувала од второлигашките амбиции. Била прва во МФЛ.

– Лошо почнавме во квалификациите со Ловќен, оти дома игравме 1:1. Се плашевме да нé не снајде старата судбина. На реваншот бевме како преродени. На голот го имавме сигурниот Гически, а во нападот Ангелески, кој го постигна единствениот гол  и победоносно се вративме меѓу второлигашите – коментира Велко.

По враќањето од ЈНА станал  еден од ретките фудбалски “номади”.

– Отидов во Вардар, потоа во Тетекс, па во Тиквеш, после во Пелистер, па кичевски Напредок, а во Напредак од Крушевац останав четири години. Од играч, станав тренер. Одисејата продолжи во Австралија, во Мелбурн,  по 1988 г.. И денес живеам таму со семејството – завршува Велкоски.

Loading