“ЦК “Марко Цепенков”
Изложбата на 30 слики, насловена “Вевчански видувања”, ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Делата се на учесници на меѓународната Вевчанска колонија.
– Сликарите од повеќе земји потврдуваат дека во Вевчани може да се наслика тишината, но и светлината да ја преточи во рапсодија од бои, подарувајќи самопочит и разбирање на платното за вечна творечка љубов – вели Мишо Китановски.
На Вевчанската колонија од 2010 година учествувале над 50 уметници од сите страни на светот.