КОНЗЕРВАЦИЈА И САНАЦИЈА НА ЦРКВАТА “СВ. НИКОЛА” ВО С. МАНАСТИР

Zastita i konzervacija na crkvata Sv.Nikola vo MariovoПод будното око на стручните екипи на Заводот и Музеј продолжува конзервацијата и санацијата на црквата “Св. Никола” во мариовското село Манастир. Интензивно се работи на конструктивна консолидација на темелите од западната страна.

– Заради адекватна заштита на споменикот на културата од 11 век, претходно, со поставување потпорни ѕидови, беше извршено зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна. Сега се интервенира на откриените темели на еднокорабниот храм, инерските  зафати, каде што паралелно се работеше и на конзервација на вредниот фрескоживопис – велат надлежните.

Годинава е планирано препокривање и санација на архитектурата на храмот од византискиот период.

Црквата е изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Во  трикорабната базилика се фреските Св. Богородица со ангелите и Св. Никола. Ваквиот тип сликарство е многу редок и е застапен само во црквата во Курбиново и во Света Софија во Охрид.  

Loading