ПРЕСВРТНИЦА ЗА Ж. ПРИЛЕП

Ракомет

Moment od mecot Zito Prilep - PelisterМалку кој веруваше во составот на Жито Прилеп, но се случи подвиг и прв есенски триумф, дома со убедливи 32-21 над Пелистер. Прекината е серијата од осум порази од мај, од кои само есенва беа шест. Друга песна е со искусните Гичева, Аџулеска, засилувањата Михајлова, Саздова, Крстевска, покрај Богеска, Стојанова, Митреска, Камческа, Рипилоска, Кукоска, Данаилоска и Ристеска, на располагање кај тренерот Жане Дисоска. Успехот не е пресвртница, но треба да се очекуваат победи. Во останатите три кола се мечевите на гости со Вардар и Металург, дома со Ѓорче.

Машкиот суперлигаш Прилеп првпат разочара, со пораз 27-26 од Пелистер во Битола. Боли затоа што е доживеан од просечен противник, засилен со Црногорецот Николиќ кој даде осум гола, а исто толку попусто возврати од спротивната страна Ангеловски. Слабостите не смеат да се повторат на следното гостување во Охрид. Второто место е далеку и добро е останување на третото во преостанатите пет кола.

Табела: Зомимак 27, Металург 21, Прилеп 16, Пролет 15, Охрид 14.

Loading