НАША ВЕРЗИЈА НА ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС

Фудбал: Победа игра во низок ранг, а заличува на прволигаш

– Ни во најголемите успеси вака не бил организиран клубот – вели капитенот Мегленски

Na vistinskiot pat - Zlatko PetreskiСветот се воодушевува на шкотскиот Глазгов Ренџерс, клуб кој поради банкрот од првата беше префрлен во третата лига, но продолжи да функционира со сите нишани како прволигаш пред преполни трибини. Многу сличности има судбината на Победа. По казните од УЕФА пред четири години и отпаѓањето од втората во третата лига, прилепскиот бренд е на пат да се врати на старото место. Меѓутоа, целта не е само враќање според резултатите и пласманот, туку клубот да заличи како што заслужува според реномето, на организациски план.

– Долги години сум во клубот и Победа ни во најголемите успеси не била вака организирана. Сé фунционира како подмачкано, сé е навреме обезбедено и ништо не недостасува. Како професионален клуб. Резултатите се тука. Ние, играчите, ги исполнивме задачите. Ако го тргнеме киксот во Дојран, бевме доминантни на сите мечеви. Подготвени низ работа, дававме максимум, оти сами се казнивме со отпаѓањето и сами треба да избориме второлигашки статус. В година ова време веќе се гледаме со една нога во Првата лига – вели Тони Мегленски, капитенот.

Lider vo Pobeda - Toni MeglenskiПобеда чесно го призна неуспехот, тука е големината на клубот. Не прифати како други “гиганти” фузија или друг начин за експресно враќање. Заигра во третолигашкото друштво без потценување на противниците. Поинаку не можеше до есенскиот биланс од 10 победи и еден пораз. Дури и кога минимално победуваше, 1-0 со Бабуна, гостите беа “втерани в шише”. На гости е гол – разликата 17-6, дома уште повисока 27-2. Показателите не смеат да опуштат, бидејќи мора да се победува до крај. На табелата ист број бодови (30) има и неготински Вардар.

– Беше шок поразот во Дојран. Бргу се созедовме и полусезоната ја завршивме блиску до планот. Можеме и мораме уште подобро, бидејќи не чека пролетен дел. Преговараме за засилувања на сите линии, за подигање на квалитетот и конкуренцијата. Ривалот Вардар е солиден тим, но ние предничиме играчки и организациски – смета Златко Петрески, тренерот.

Полусезоната беше куса, само 11 кола. Оттука Победа продолжува со тренинзи до почетокот на декември. Вчера се одигра пријателски меч со резултат (11-5) во Могила, Битолско.

Пет категории

Победа е единствениот третолигаш, а еден од ретките клубови со пријавени сите четири категории фудбалери од Школата. Во натпреварувачки систем се помладите и постарите пионери, кадетите и младинците. Најавена е и петта категорија на најмали фудбалерчиња, почетници.

Координатор на Школата е Кирил Овезоски.  

Loading