ЧЕТВОРИЦА ПРОФЕСОРИ НА ОБУКИ ВО СТРАНСТВО

СОУ “Кузман Јосифоски- Питу”

Националната агенција за Европско образование и мобилност му додели грант од десет илјади евра на СОУ “Кузман Јосифоски- Питу” за обуки на работното место од програмата Еразмус + К1. Четворица професори ќе следат три обуки во Англија и во Шпанија.

– Обуките в година ќе придонесат за црпење на искуства и споделување со колегите. Со тоа ќе се влијае на модернизирање на наставниот процес и внесување на нови методи. Ќе се отвори можност за интернационална соработка – вели директорката Спасија Нешкоска Цуцулеска.

Дел од грантот е за промоција на училиштето.

Loading