ТРЕТО КОЛО ЗА КАТА ТИМОТ

Карате

Бремен и Германија беа домаќини на 22. Светско сениорско карате првенство со илјада учесници од 116 држави. Македонија достојно ја бранеа Тодор Ристески (Спорт 94) во борби и ката тимот Поликсенија Јованоска со Марија и Мишела Димоски (Ронин). Ристески успеа да совлада Аргентинец, а загуби од Италијанец. Ката тимот, иако најмлад со 16-годишните близначки, остави одличен впечаток. Прво со 5-0 ја победи Данска, потоа со 3-2 Хрватска. Најтешката ждрепка го постави за следен противник фаворитот Виетнам од кого е претрпен пораз со 1-4, но тренерот Елизабета и селекторот Златко Димоски се мошне задоволни.

– На светските првенства ни еден македонски ката тим не поминал ниту прво коло, а сега стигнавме до трето. Нашиот млад ката тим има убава перспектива – смета Димоски.

На Светското 19 земји освоија медали, најмногу Египет и Јапонија.

Loading