БРЗОПОТЕЗЕН ТУРНИР

Шах

Шахистите се желни за побројни натпреварувања и оттука со нетрпение се очекува наредниот брзопотезен турнир на 23 ноември, во организација на ШФМ и ШК Алкалоид во Скопје. Турнирот е традиционален и од отворен тип, така што право на пријавување имаат и шахисти од странство, како Бугаринот Кирил Георгиев со највисок рејтинг. Меѓу потенцијалните учесници се прилепчаните. Веќе е пријавен велемајсторот Звонко Станојоски, кој всушност е дел од ШК Алкалоид, а извесно дека уште неколкумина сограѓани ќе земат учество, главно членови на ШК Прилеп.

Предвидени се девет кола по Швајцарски систем.

Loading