ОД САЛА В САЛА

Пинг – понг

Суперлигашот Младост се навикна на преместување од сала в сала, а во неделата селидбата првпат се случи непланирано. Првенствениот меч со штипски Гоце Делчев бил закажан во салата на ОУ “Гоце Делчев”, но кога екипите пристигнале, во објектот веќе се одржувало градско првенство во борење. Штипјаните можеле да бараат службена победа, но во прилог на спортските, пријателски, меѓуклупски односи, прифатиле да играат во СОУ “Орде Чопела”, каде со 5-2 победува Младост. Следното коло е гостувањето во Струга.

Во Првата лига Младот 96 двапати победи, 5-0 над Куманово и 5-2 со Вардар.

Loading