ПАЛАТА СО ФРЕСКИ НА МАРКОВИ КУЛИ

Palata na misterioznite Markovi kuliВо северозападниот сегмент од секторот Сред Кули на локалитетот Маркови Кули откриени се остатоци од доцносредновековна палата, украсена со фрески. Откритието е значајно, оти се потврдува највисокиот степенма развој на средновековниот Прилеп од последните децении на 13 и првите децении на 14 век, период на Византија.

Раководителот на проектот д-р Бранислав Ристески утврдил четири етапи на егзистенција на а палатата.

– Палатата се протега на 400 м2. Масивните ѕидови се изведени од приделкани и необработени камења поврзани со квалитетен варов малтер. Неколкуте фрагменти од фрески упатуваат на тоа дека дел од ѕидовите биле украсени. Првата етапа е времето на највисокиот културно – цивилизациски развиток на средновековниот Прилеп. Втората се карактеризира со делумно користење на градбата. Кралот Волкашин и кралот Марко имале обид за реконструкција врз остатоците, но со различна техника. Последната етапа е делумно користење на остатоците од постарите објекти –  објаснува археологот Ристески.

Палатата го верификува Прилеп на највисокиот развој во рамките на возобновената Византија и фрла нова светлина во распоредот на структуралните елементи на доцносредновековниот град.

Истражувањата ќе завршат до крајот на месецот. Дел се од проектот “Систематски археолошки истражувања на комплексот Маркови Кули, Варош – Прилеп” на Институтот за старословенска култура, поддржан од Министерството за култура.

Loading