“ЕДНО ЛЕТО” НА МАРИАНА ВЕЗАРОВА

Jave za delata na Vezarova“Едно лето” е изложба на слики од уметницата Мариана Везарова од Бугарија, што вечерва ќе биде отворена во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”.

На првото претставување во градов, бугарската сликарка презентира дела инспирирани од летото како годишно доба.

 – Убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите. Тоа ме инспирира, оти има божјо присуство, сила на љубов. Ги пренесувам впечатоците, сенките на дрвјата, нежноста на цветовите. Делата ги создавав со многу емоции, предизвикани од природата – вели уметницата,  потенцирајќи дека дел од сликите се акрил на платно насликани на убави места низ Македонија, како Михајлово, Валандово, Кавадарци.

Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија. Се надградила и како арт менаџер во Бостон, САД. Сега е професор на Универзитет во Благоевград.

Делата í се гледани во Бугарија, Канада, Велика Британија… 

Loading