Во ЦК ,,Марко Цепенков”
Дел од поранешниот простор на Сцена 105, стана ликовно ателје во кое уметниците, членови на ДЛУП, ќе можат да творат, да се дружат, да разменуваат искуства. Останатиот дел од просторот е за Младинското драмско студио.
Тони Чатлески, директорот на ЦК “Марко Цепенков” изјави дека првпат уметниците добиваат свое катче за уметнички израз, простор заедно да сликаат.
За уметниците е радост и дар.
– Просторот е можност за мотивација за творештво во друштво на колеги – вели уметницата Билјана Бинчев.
– По галеријата за нашите дела, веќе имаме ателје за поплодно творештво – вели Марјан Стојаноски, претседател на ДЛУП.
И градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на отворањето на ателјето.