РУСКИ ПЕСНИ И РОМАНСИ

В четврток на 23 октомври во “Марко Цепенков”

ruski hor mala plakataВ четврток во 19.30 часот, настапува Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир од Русија во ЦК ,,Марко Цепенков”. Настапот се организира во соработка со амбасадата на Руската федерација и Министерството за култура.

Ова е прв од неколкуте концерти што хорот ќе ги одржи во Македонија.

Пред тоа во 19 часот во ликовниот салон ќе биде отворена изложба на слики од руски уметници, учесници на ликовната колонија Дрен во изминатите години.

Машкиот хор на Валаамскиот манастир формиран е со благослов на игуменот на Валаамскиот манастир, епископот Троицки Панкратиј во 2005 година да го придружува рускиот Патријарх во свечените богослужби на островот Валаам. Во состав на хорот се професионални музичари од Санкт Петербург, дипломци на Санктпетербуршката хорска школа и Санктпетербуршкиот државен конзерваториум Римски – Корсако”, дипломирани диригенти и пеачи. Диригент на хорот, кој ќе исполни  најпопуларни руски песни, романси и борбени песни, е Алексеј Жуков, лауреат на меѓународен конкурс. Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир е уникатен творечки колектив кој ги спојува црковното пеење и светската концертна дејност.

Loading