СЕ СПРЕМА “АДАМ И ЕВА” ОД КРЛЕЖА

Театар

Десетина актери на ансамблот на театарот веќе ја подготовуваат новата претстава ,,Адам и Ева” од Мирослав Крлежа, во режија на режисерката Ања Максиќ. Хрватката првпат соработува со нашиот театар. Вели дека текстот е доста податлив за театарско истражување и нуди можности за одлични актерски остварувања.

Текстот “Адам и Ева” е објавен 1933 година под наслов Легенди, а главниот заплет е еротскиот конфликт меѓу човекот и жената со трагична кулминација во временски неодредена хотелска соба. Текстот е потврда дека до ден денес ништо не се менува во односите маж – жена.

Инаку, ансамблот на театарот вечерва гостува во Кавадарци со комедијата “Три варијации на една тема”, во режија на Коле Ангеловски. Претставата се игра на манифестацијата Кавадаречка културна есен.

Loading