ПО МОСКВА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Прва самостојна изложба на Тони Чатлески

Cestitki za izlozbata na Catleski od ruskite kolegi“Горд сум што ги претставував Прилеп и Македонија со самостојна изложба во Москва, каде се цени македонската уметност”.      Ова го  изјави уметникот Тони Чатлески, по отворањето на изложбата.

– Дојдоа многубројни колеги, почитувачи на ликовната уметност, писатели, поети, пријатели на Македонија. Значајно е што делата ги виде и оцени руската ликовна јавност, бидејќи секој ден во Москва се отвораат многу изложби. Се претставив со дел од новиот циклус “Во ритамот на самбата”. Преку сликите ја пренесувам љубовта, убавото чувство, играта, оптимизмот – вели Чатлески, кој е член на професионалниот сојуз на руските уметници – група ,,Сол”.

Изложбата наредните месеци ќе биде отворена и во други московски галерии, во Звенигород и во Санкт Петербург.                 

Loading