НА БРАНИТЕЛИТЕ НА ПРИЛЕП

На Осми август 2001 -та

бранителите на Македонија од Прилеп

кај Карпалак не се сретнаа

лице в лице со ѓаволот.

Не им се даде шанса

да истрелаат истрели во ѓаволот.

Не видоа каков беше

и со каков намуз беше тој

што од заседа на двете страни

истури дожд од огнени  истрели

та ги запали да горат како факели.

Десет бранители – десет факели

во огнот смртен гламјосаа, пеплосаа.

Гламјосани и се предадоа на историјата

О, Бранители, о вечна слава на Песјобрдце

О, жртви на завера и предавство

Плаче Македонија за Вас.

Плачот е болно сеќавање

панихидата – помен.

Монументалниот споменик во Прилеп

светилник на 10-те бранители на Македонија.

Блага Тутеска

Loading