КУЗМАНОСКИ НЕ СЕ ДЕЛИ ОД РОМАНИЈА

Ракомет

Горан Кузманоски – Таста е ракометар и спортист за пример, а за такви квалитети местото е во странство, во Одорхеи, Романија. Таму е со капитенската лента и клубот не сака да слушне за разделба, така што е потпишан договор до 2016. Со следните две, вкупно се пет сезони во овој клуб, со кого секоја година е во Европа. Амбициите во романското првенство и за оваа година се високи за освојување најмалку второ место и учество на финале од купот. Нема сомнеж дека Таста ќе го има најголемиот придонес во средната бековска позиција како и досега, како најдобар стрелец во екипата.

 На почетокот од наредната недела е закажан стартот на подготовките во Одорхеи.

Loading