ОПСТАНОКОТ Е ЦЕЛ ВО СТРУГА

Шах

По освоеното прво место во квалификациите, ШК Прилеп обезбеди учество на Државното екипно првенство во Струга, од понеделник до недела. Клубот собра сили да го брани реномето на градот, некогаш најшаховски. Товарот во борбата на црно – белите полиња е врз проверени мајстори Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Кире Николоски, Горан Готовуша, Марјан Дамчески, Зоран Конески, со засилувањата Душко Стефановски од Гостивар и Ѓоко Котески од Струга. Меѓу седумте противнички екипи, фаворити, со оглед на странските засилувања, се скопските Алкалоид со Ѕвонко Станојоски, БМ Кисела Вода со Славе Трајкоски и Гамбит, а со домашни сили се Стево Патако Битола, Куманово, Гостивар и Карпош со Роберт Велески. Двете последнопласирани отпаѓаат, а во ШК Прилеп имаат само една цел – опстанок, односно пласман над седмо место.

Системот е бергеров, секој со секого, во хотелот “Дрим”.

Loading