МАТУРА ВО СЕДМАТА ДЕЦЕНИЈА

Vozbuda za 50 godisninata do maturataДваесетина матуранти од Гимназијата, кои пред 50 години го славеа полнолетството, во седмата деценија од животот седнаат пред клупите да се потсетат  на лудориите од младоста. Иако пензионери, среќни и ведри што ги држи здравјето, беа прозивани од тогашниот директор Цветан Беличанец, кој и во десеттата деценија, без бастун и очила, им посака долговечност. Матурантите во бели коси и без нив, некои нашминкани и дотерани, ја вратија меморијата на тинејџерските години, на првите љубови и забави, на палавштините што ги носат “зелените” години. Во еден од рестораните имаа и вечера. Ги држат нозете и заиграа валцер и оро, исто како во 1964 година.   

Loading