ЗАМИНАТИ НАСЕКАДЕ

Жени

Прекина со активност ЖФК Победа и веднаш фудбалерките ги побараа во други клубови, што е показател дека добро се работело изминатите години. Прво во Скопје заминаа Милеска, Наумоска, Димкоска, после Милеска, Аџулеска и Чакмакоска се преселија во Кочани. Селидбата не завршува тука, кога Димкоска и Стојаноска отидоа во Дојран, а во Битола се најмладите Наумоска, Белистојаноска, Крстеска, Велеска. Се откажа само Кузева, а во Србија продолжи Костова.

Во ЖФК Победа велат дека клубот сосема не згаснал и можно е пак да продолжи со млади фудбалерки.

Loading