ПРИЛЕП ВЕЖБА

Energy day - Prilep vezba na otvorenoПилатес, аеробик, функционални тренизни и зумба се играше на камената бина на плоштадот Александрија на настанот ” Прилеп вежба – Енергѕ ден”, кој првпат се одржа во организација на Фитнес клуб “Енергѕ” а со поддршка на Локалната Самоуправа. 

Лајт мотив беше важноста на проактивната грижа за здравјето со практикување на спортски активности.

– Нашето тело е единственото место каде живееме. Да му го вратиме со активен одмор, наместо со квазихедонизам (лежење и грицкање), она што му го одземаме преку секојдневните обврски. Не се ограничување ни времето, ни професијата, ни полот. Секоја причина “против” е токму силна причина “за”. Треба да се најде соодветен агол за почеток – вели д-р Рамона Маркоска,член на Советот на општината.

Познавачите на здравиот начин на живот овој пилот настан се надеваат дека ќе биде повторен и пак на отворено, а кон кој помасовно ќе се приклучат прилепчани меѓу кои и видни личности.

Loading