ПРВА УРБАНА СРЕДИНА Е БОНЧЕЈЦА

BoncejcaПостарите велат дека  Бончејца е првата урбана, ако не и најстара станбена населба. Изградена е пред 50-тите години. Со еднолични неколкукатници, со ситни прозорчиња на светларниците и две-трисобни станови е сместена меѓу улиците Будимаш и Булеварот. Комплексот е во близина на железничката пруга кон Битола.

Пред зградите, кутиените “картонски” гаражи полека се обновуваат, се отстрануваат или заменуваат со деловни објекти. Се очекува реконструкција на просторот меѓу станбените објекти. Веќе тргна разубавувањето лани  и се поставија нови светилки.

Во меѓувреме, станарите се поодговорни кон својот двор.

Некогашното широко зелено поле, помеѓу зградите и магацините од Центропромет, се проширува со приватни куќи. 

Loading