ВАРДАР НЕДОСТИЖЕН

Трета

Иако останува уште едно коло, во Третата лига јасно е кој е првакот – Вардар од Неготино. Со освоениот бод по ремито 2-2 кај Големо Коњари, неготинци собраа 50 бода и в недела дома мирно го чекаат последниот Кожуф. Така со 53 бода се недостижни за втората Бабуна. Од прилепските претставници најгоре, трет е Партизан Обршани. Овој тим може до врвот, но изгледа нема амбиции. Нешто под нив се Варош, Млекар и Големо Коњари. Пријатно изненади Млекар од Мало Коњари, препороден од тренерот Горан Тодоровски. В недела е последното коло со две дерби Млекар – Г. Коњари и Партизан – Варош, додека Младост Кривогаштани гостува кај Росоман.

Табела: Вардар 50, Бабуна 49, Партизан 42, Варош 41, Млекар и Големо Коњари по 40.

Loading