ГЛАС ПО ЖЕЛБА НА ГОСТИТЕ

Muzicari pred koi stoi  bujna karieraПеттото издание на Изборот на бизнис за 2013, за шестиот роденден на Зенит го збогати песната на Стефан Миткоски и Лидер бенд. 

Солистот Стефан, по успешната творечка година, се приклучи во новиот и баран бенд со име Лидер. Младите и перспективни музичари, кои и покрај подоцнежното појавување на естрадата, веќе котираат високо поради  атрактивниот репертоар од најубавите староградски песни слушани од генерациите, и потпевнувани и од денешната младина. Стефан и бендот се трудат да ја задржат автентичноста на староградскиот мелос, најавувајќи прва заедничка песна, која нема никого да остави рамнодушен. Тоа ќе биде сонг жанровски подреден на досегашните песни и ќе претставува континуитет на облагородувањето на староградската музика.

Покрај Стефан, во составот членуваат: Христијан Стојчески – кларинет, саксафон, Горан Цветаноски – хармоника, Горан Пупунчески – сајзер, Александар Ѓорѓиески – тапани. Сите се теоретски и музички потковани и сеуште се надградуваат во музичката уметност. 

Loading