Шах
Само по две кола во квалификациите ШК Прилеп се пласира на државното првенство. Прво, со убедливи 5-1 го совлада 4 Ноември од Битола, а потоа со 4,5-1,5 страдаше Карпош од Скопје. Формалност е последниот меч со Гостивар, кој претходно загуби 2,5-3,5 од Битола, а со 4-2 го победи Карпош. Неизвесена е борбата за второто празно место, а првото е осигурано за ШК Прилеп. Настапија Кироски, Ѓорѓиески и Николоски со по два максимални поени, Готовуша и Дамчески по 1,5, а придонес даде и највозрасниот Б. Дамески со половина поен.
Погледите се свртени кон Државното првенство, каде ќе се атакува на висок пласман. Третото е најавено како место кое води во европскиот куп на шампионите, натпреварување кое годинава првпат ќе се одржи во Македонија. Се смета дека е достижно за клубот, доколку се доведат засилувањата, стружаните Менкиноски и Ѓ. Котески, гостиварецот Стефановски. Многу зависи од финансиите. Кон нивно обезбедување ќе се тргне офанзивно, почнувајќи од состанок на клупско и општинско ниво, а предвидени се средби со сите кои можат да помогнат оваа сезона да биде една од поуспешните за шахот во Прилеп.