ЖЕЛБА – ДОМАЌИНИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР

Борење

Прилеп полека станува борачки град, по заслуга на БК 7 Мај Леов. Веќе од сега се најавува организација на голем меѓународен турнир за 9 август за десетгодишнината од клубот, 13 години од Карпалак и 1000 години на градот. Се очекуваат учесници од цел Балкан.

Паралелно, борачите бележат успеси. На турнир за олимписки надежи во Абони, Унгарија, Катерина Мирческа е прва меѓу 14, совладувајќи Словакинка, Романка, Австријанка и во финалето Унгарка, осма во Европа. Првак е и Теодор Темелковски подобар од 19 ривали, победувајќи Унгарец во финале со туш.

И најнеискусниот Христијан Пенков не е со празни раце, освои трето место, по победата над Словак.

Loading