ВОЗБУДЛИВО ПРЕД БАРАЖОТ

Фудбал

Викендов претстои последното коло. Уште е енигматично во Втората лига. Недостижни се Силекс и Тетекс, сигурно останува Скопје, шанса имаат Дрита, Шкупи и Врапчиште, а секој кикс ќе го користи Миравци. Во спротивно е во друштво со Зајас и Победа во бараж. За Победа е важно в сабота (16.30 ч.) дома да ја надигра Дрита и да се готви за квалификациите. Во нив се вклучуваат пет третолигашки прваци, а како стојат работите тие се Младост Царев Двор (Ресен), Беласица (Струмица), Влазрими (Кичево), Гоблен (Куманово) и Вардар (Неготино). Најавена е полудиригирана ждрепка, каде трите второлигаши за ривали на неутрален терен добиваат три третолигаши, а четвртиот дуел е меѓу останатите третолигаши. Победниците од првиот круг влегуваат во ждрепка за вториот, каде се играат по два меча, со реванш, на неутрален мегдан.

Отпаѓаат најверојатно Тиверија со Маџари, Новаци, Локомотива, 11 Октомври, Борец и Руфеја.

Loading