УСПЕШЕН ФИНИШ

Ракомет

Ракометарите на РК Прилеп го оправдаа славјето на титулата 15 дена предвреме, самоуверени во успешен финиш. На прволигашкото дерби дома со Младост Богданци остварија триумф 32-25 и го зациментираа првото место со 36 бода. Наредното коло можат релаксирано да настапат, затоа што во последното дома играат со аутсајдерот Вардар Полог од Гостивар.

Во женската Прва лига одлична серија направи Таста 107 со победи дома над Универс, на гости со Борец и САП Акумулатори, реми дома со Кичево. По поразот дома 20-31 од Ѓорче, викендов е борбата за 5. место кај Чаир во Скопје.

Суперлигашот Жито Прилеп синоќа гостуваше кај гигантот Вардар СЦБТ, а на ред е дуелот кај Металург.

Loading