СЕСТРИ ИСТРЧАА ПОЛУМАРАТОН

Атлетика

Прилепчани има секаде, па и во најтешката атлетска дисциплина. На Скопскиот маратон четворица успешно настапија на полумаратонот долг 21 километар. Меѓу нив патеката најбрзо ја помина Илија Пајмакоски, за 1.22.06 часа, што е личен рекорд подобрен за пет минути. Во силна конкуренција на учесници од многу земји, го освои седмото место, а кај македонските тркачи е четврти. Одлично истрчаа и членовите на ориентациониот клуб “Златоврв”. Кај жените Милена Чкрипеска е седма вкупно, четврта домашна со време 1.39.32 часа, а сестра и Мери Чкрипеска 26/13. место со 1.56.42 часа.

Филип Туманоски до целта стигна за 1.40.24 часа доволно за 69/49. место меѓу 680 атлетичари.

Loading