“И ЅВЕЗДИТЕ СЕ БЛАГОДАРНИ ШТО ПОСТОИШ” ОД ЃЕОРЃИЕСКА

Промоција на збирка на поезија

“И ѕвездите се благодарни што постоиш” од Марија Ѓеорѓиеска е поетската книга што ќе биде претставена вечерва од 19 часот во Библиотеката. За книгата ќе зборуваат Ванѓелко и Христијан Лозановски.

– Инспирирана од природните убавини и убавините на личностите, докажувам дека љубовта постои, дека животот е најскапоценото богатство, дека природата е единствената причина, поради која постоиме. Низ творбата пеам дека љубовта е важна меѓу најблиските, дека среќата е глагол кој што врши позитивно дејство во нашата душа доколку ја поседуваме, дека трепери во нашето срце, како што треперев додека ги пишував песните до доцните ноќни часови и раните утра. Главни теми се љубовта, животот и среќата, но и болката како двигатели во мојот живот – вели Ѓеорѓиеска, која пишува од најмала возраст.  

Loading