ПЕЦЕ ЈОВАНОСКИ НАПОМОШ

Пинг – понг

Изненадување или не, чиста вистина е – Пеце Јованоски пак е во составот на суперлигашот Младост. Легендарниот пингпонгар, кој има печат во историјата на македонскиот пинг-понг минатите четири ипол децении, се одзва на повикот да помогне на екипата, каде се Зоран Јованоски и Ѓоко Јочкоски.

– Не би рекол дека е враќање по долг период. По преселбата во Скопје, една година играв за Крива Паланка, каде првото место го загубивме во последното коло. Потоа се регистрирав за Младост, одигрувајќи два првенствени меча пред две години. Пролетва се активирав по иницијатива на тренерот и играч Зоран Јованоски – образложува Пеце Јованоски.

Некогаш на негова возраст имаше активни само шахисти. Фудбалерите, ракометари и кошаркари се ретки над 35, а што се случува во македонскиот пинг – понг? Покрај масите гледаме ветерани, кои рака на срце добро се држат со многу помладите. Загрижува што нема многу наследници, од друга страна радува играчкиот век на постарите.

– Сведоци сме и во други спортови возрасната граница е поместена. Неодамна во Скопје се одржа голем меѓународен турнир за ветерани, на кој имаше 100 учесници од осум земји и сите беа со висок квалитет – вели Пеце Јованоски.

Првиот пролетен меч го загуби минимално 2-3 од членот на Нец, Михајловски, а наредниот е во последното коло, со Работнички.

Loading