НАГОРЕН ТРЕНД

Моделарство

Del od ucesnicite na natprevarot vo modelsrstvoНа Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, во организација на ВФМ и Здружението “Фил феникс”, се одржа 62. Државно првенство во воздухопловно моделарство за јуниори и сениори. На идеалниот терен, низ одлични метеоролошки услови, но исклучително нестабилни термички струења, учесниците имаа тежок пат до целта. Клубовите од Кавадарци, Скопје, Битола, Охрид и Прилеп постигнаа високи резултати по седумте летови.

– Докажаа дека бројноста на учесниците, но и квалитетот е во нагорен тренд. Многумина од нив го пробија прагот со освојување над 1000 бодови – вели Здравко Тодороски, директор и селектор.

Во категоријата Ф-1-А едрилици за сениори победи Јосифовски од Кавадарци, а кај јуниорите најдобар е клупскиот другар Стошиќ. Во Ф-1-Б гуменици победи Масин од Охрид, во Ф-1-Ц клипеници државен првак е Стојановски од Скопје. Во Ф-1-Х едрилици втора титула за Стошиќ од Кавадарци. Таа категорија се бодуваше за “Еурочеленџ куп”.

– Одлични беа и прилепските воздухопловци. Кај јуниорите во Ф-1-А Бојан Димески го потврди местото вицешампион, а Давид Најдоски е осми со шест максимални и само еден неуспешен лет – смета Тодороски.

Loading