ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ

Фудбал

Само уште две кола остануваат до крајот на најтешкото првенство од Втората лига. Како никогаш порано, од 16 тима отпаѓаат седум, а три играат квалификации со пет третолигашки прваци. Дали Победа ќе се спаси? Шансите се теоретски. На табелата посакуваното шесто место го држи Врапчиште со 46 бода, а исто толку има и петтото Шкупи. Седмо е Миравци со 44, осма Победа со 43. До крајот Врапчиште гостува на 13-от 11 Октомври, а домаќин е на десеттата Тиверија. Победа игра со Зајас во Кичево, а потоа дома со четвртата Дрита. Неблагодарни се прогнозите. Неопходно е Победа двапати да победи и дојде до 49 бода, да очекува кикс на Врапчиште и Миравци. Ако една од нив се задржи погоре на табелата, за Победа останува бараж.

Претходно Победа зеде бод од Шкупи со 2-2, а дома го растури со 12-1 Борец, додека 11 Октомври дома загуби 0-2 од Миравци, а на гости 2-1 од Тиверија.

Loading