СЛАТКА Е ПОБЕДАТА НА ГОСТИ

Борење

Борачкиот клуб 7 Мај Леов роденденот го прослави со титула младински државен првак. Сопственост е на Бобан Бубрегоски во категоријата до 50 килограми. Успехот добива на тежина, оти е постигнат на гости. Покрај противник од Штип, совлада и домашен борач, од Радовиш. Според стручнаците, решавачка била тактиката, наспроти техничката и физичката подготовка. Дуелите се добиени на поени. Вториот прилепчанец, Борче Богатиноски е шести.

Викендов е учеството на турнир во Унгарија на олимписките надежи, Теодор Темелкоски, Христијан Пенков и Катерина Мирческа.  

Loading