ПЕДИКИРАНА КРАВА – ФАЗЛА МЛЕКО ДАВА

Doteruvanje na ,,cevlite,,Технологијата, колку и да е напредна, не ги заменува старите занаетчии. Со машина не се добива месо, нити млеко. Затоа кравата, како возило, треба да се негува, да се молзи, па да се чифтоса, да создаде месо, односно да биде, модерно кажано, продуктивна.

И на кравата, како и на автомобилот, í е потребно внимание, одржување не само од ајван доктор. Возилото ги аби гумите, а кравата собира ѓубре во копитата. А, копитата, како ноктите, растат. Да може кравата да пасе слободно, да не í се одзема сонот, да дава што повеќе млеко, специјален мајстор со импровизирана количка патува до шталите,  како “мобилен механичар”, да í ги исчисти и подсече долгите копита на кравата. Тој ја стегна со каиш на метално “менгеме”, и со алат ја вади нечистотијата од копитата. Со педикирани копита, кравата лесно може да пасе на ливадите и да “пушта” повеќе млеко од вимето. 

Loading