ОСТРОШКИОТ МАНАСТИР – АН ЗА КАРТУШОВЦИ

Kartusovci na Ostroskiot manastirМанастирот Св. Василиј Острошки, познат по чудата на гробот со мошти за кои се верува дека имаат исцелителна моќ од најтешките маки и болести, го посетија планинарите на Картуш. Ноќеваа во манастирскиот конак познат по лозата, од која на тие што немаат дечиња,  им се дава по некое гранче, за благослов. Кон нераспаднатите мошти на светецот притекнуваат и Христијаните и Муслиманите, а секоја година на Педесетница во Острог се одржува голем народен собир.

Членовите на Картуш го посетија и Бар, Св. Стефан, Будва, Котор и Цетиње. Екскурзијата ја завршиле спуштајќи се покрај Скадарското Езеро до Подгорица, за преку Тирана да се вратат дома.

На 18 мај, Картуш ќе го организира традиционалниот марш по Селечка. Обезбеден е бесплатен автобуски превоз до Плетвар и ручек за сите планинари. Информации на телефон 075-794-113.  

Loading