МЕСЕЦ НА ДЕТСКО ТВОРЕШТВО

И годинава ЦК “Марко Цепенков” во соработка со основните училишта ќе ја организира традиционалната манифестација месец на детско творештво, со која се поттикнува креативноста кај најмладите. Први настапија учениците од ОУ “Гоце Делчев”. Веднаш по нив ОУ “Кире Гаврилоски”, а вечерва ОУ “Рампо Левката”. На 13 мај се  креативците од “Добре Јованоски”, на 14 од “Кочо Рацин”, на 16 мај од “Климент Охридски”, на 20 од ОУ “Блаже Конески”. Манифестацијата ја затвораат учениците од музичкото училиште кои ќе се претстават на 22 мај.

Loading