ФАЈНАЛФОР ЗА 11 ОКТОМВРИ

Одбојка

Dva cekori do titulata - 11 Oktomvri volejВо отсуство на сениорски тим, радуваат успесите на кадетките од женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври волеј. Фановите на овој убав спорт како да ги зафати еуфорија по пласманот во завршницата од првенството, на популарно наречениот фајналфор, меѓу четирите најдобри. Девојките со помош на тренерите – професори Орде Цветаноски и Васко Гајтаноски, без мака ја минаа последната пречка, совладувајќи го двапати Куманово со максимални 3-0. Погледите се свртени кон финалниот турнир, а амбициите не се кријат, целта е врвот. Во клубот се самоуверени и убедени во талентот и капацитетот на екипата.

Последните тестови ги одржуваат формата и оптимизмот. Во Битола ривалите беа совладани со по 2-0 и победник во двете конкуренции, младинска и кадетска, е ЖОК 11 Октомври волеј.

Loading